Вардарци: Скандалозно е однесувањето на навивачите на Шкендија – ММС
ММС

Објавено на: 10/30/19 6:44 PM

Вардарци: Скандалозно е однесувањето на навивачите на Шкендија

По денешниот натпревар меѓу Шкендија и Вардар во Купот на Македонија, вардарци заминаа поразени и непријатно изненадени од однесувањето на навивачите. Во еден дел од натпреварот,  навивачите на Шкендија користеа свирчиња од трибините сред напад на играчите на Вардар, кои изненадено застануваа. На крајот од натпреварот дури дојде до мал инцидент кога детето кое собираше топки не дозволи играта да продолжи регуларно, со тоа што не му ја даваше топката на капитенот на Вардар.

По напретпреварот тренерот на Вардар, Александар Васовски, изнервирано реагираше:

-Ова ли е европска Шкенија?? Ова е срам за македонскиот фудбал. На пет опасни ситуации кога одиме во напад, се слуша свирче од трибините. Нашите застануваат ,мислејќи дека е офсајд. Гачевски „торпедиран“ со камења, второ полувреме се играше со една топка цел натпревар. Го враќате фудбалот две децении наназад, секогаш во Скопје сте дочекани коректно, влакна од глава не ви фали. Срамно и жално, напиша Васоски.

За голманот на Вардар, Филип Гачевски,  однесувањето на домаќините кон Вардар е скандалозно, а ФФМ треба да се запраша за однесувањето на дуелите што се играат во Тетово.

-Ова што се случуваше на мечот во Тетово е голем срам за македонскиот фудбал. Мислам дека Фудбалската федерација на Македонија и луѓето кои го водат фудбалот, сериозно треба да се запрашаат и да одлучат до кога вака. Глава горе момци за нашата игра, секоја чест, кажа Гачевски.

Натпреварот во Тетово меѓу Шкендија и Вардар заврши со победа на Шкендија (1-0), доволен за пласман во четвртфиналето од Купот на Македонија со вкупен резултат 3-2.