Студентите по медицина го споија хуманото и корисното, мереа шеќер и притисок на штипјани – ММС
ММС

Објавено на: 10/30/19 6:24 PM

Студентите по медицина го споија хуманото и корисното, мереа шеќер и притисок на штипјани

Штипските студенти го споија наученото со хуманитарното и утрово на Штипскиот плоштад спроведоа акција во која мереа крвен притисок и шеќер во крвта на граѓаните но имаа и поставено кутии за собирање  средства за лекувањето на малата Симона Хаџи – Тошев.
Студентската организација СОМА веќе две години ја спроведува оваа акција, од научно истражувачки аспект, на која се мерат истите параметри, со цел да спроведат студија чиишто резултати подоцна ќе бидат публикувани.
“Резултатите  ќе покажат колкава е инциденцата на појава на висок крвен притисок и висок шеќер во крвта. А во моментов на досега измереното имаме голем број на луѓе со висок крвен притисок.”
Студентите имаат поставено штандови на три локации низ градов.

,,Интересот кај граѓаните беше  голем “– вели Дијана Иловска, студент на општа медицина и претседател на СОМА.
Организацијата е формирана и во секој аспект поддржана од Универзитетот Гоце Делчев.