Судот го потврди пишувањето на Канал 77 – Спасов избегал од државата – ММС
ММС

Објавено на: 10/30/19 4:19 PM

Судот го потврди пишувањето на Канал 77 – Спасов избегал од државата

Во денешното соопштение од Основниот суд во Штип, во кое ја објаснува постапката со распишувањето на потерницата, практично се потврдува тоа што Канал 77 пред  неколку дена го објави – дека специјалецот Игор Спасов избегал од државата. Судот објаснува дека податоците ги добил од СВР Штип:

– Во Основниот суд – Штип од страна на СВР Штип, на ден 28.10.2019 година е доставено известување дека осудениот (Игор Спасов) не е достапен на органите на прогонот, по што веднаш, истиот ден, од страна на судијата за извршување на санкции на ОС Штип е доставена согласност за издавање на потерница до СВР Штип, која се однесува за распишување на потерница по осудениот на територијата на Република Северна Македонија, стои во соопштението од Основниот суд – Штип.

Канал 77 објави дека Игор Спасов, според непотврдени информации, повеќе од две – три седмици е избеган надвор од државата. Од државата излегол по диви премини, во што имал помош од поранешните колеги – полицајци. Спасов, наводно е во Туција со лажен идентитет, за што платил 15.000 евра.