Тешко повредните работници од Куманово на апарати за дишење – ММС
ММС

Објавено на: 10/30/19 3:49 PM

Тешко повредните работници од Куманово на апарати за дишење

Двајца од десетмината тешко повредени градежни работници од Куманово со тешки телесни повреди и во неконтактибилна состојба се пренесени на КАРИЛ каде се приклучени на апарати за дишење.

Нивната состојба се следи, но засега е неизвесна.

Во меѓувреме останатите се во кумановската болница и лекараска помош им се укажа таму. Според неофицијални информации, уште двајца попладнево се испратени на скопските клиники со тешки скршеници на екстремитетите, но нивната состојба е стабилна.

Во меѓувреме се уште нема информации од полицијата за деталите кои довеле до несреќата, а на терен е излезена и крим техника и јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Куманово, како и трудовата инспекција.

Според информации од теренот до незгодата дошло откако метална конструкција паднала и ги поклопила градежните работници.

Од СВР Куманово ветија дека ќе испратат соопштение најдоцна до 14:30, меѓутоа до изготвување на овој прилог од таму немаше никаква информација.

Никола Ивановски