Повредени 10 градежни работници во Куманово – ММС
ММС

Објавено на: 10/30/19 12:15 PM

Повредени 10 градежни работници во Куманово

Десет работници се повредени при изведување на градежни активности на локација на улиците „Васко Карангелевски“ и „АВНОЈ“ во Куманово, информираат денеска од Општата болница Куманово, а случајот го потврди и СВР Куманово.

Повредените работници се  префрлени во кумановскиот Ургентен центар и од нив двајца, според директорката на болницата Снежана Захариева, се префрлени на Ургентен центар на скопските клиники.

-На останатите работници им се пружа помош во кумановската Општа болница. Се вршат испитувања и  нивната здрвствена состојба и понатаму ќе се следи, изјави директорката Захариева.

Од СВР Куманово потврдија дека кај нив е пријавен случај дека има повредени градежни работници и информираа дека екипите се на терен и вршат увид.

 

(МИА)