Западен Балкан и’ е потребен на Европската унија и важно е што во Брисел уште е присутен оптимизам дека иднината на регионот е во Унијата, пишуваат повеќе балкански медиуми по синиќешниот состанок во Брисел на лидерите на земјите од западен Балкан со високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Федерика Могерини.
„Ние не сме само земји на Балканот туку и европски земји, кои, со самото тоа, имаат потреба и можност да зборуваат за перспективите на нашата заедничка европска куќа“, истакнува црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ, додавајќи дека земјите од западен Балкнан се одлучни и понатаму да тежат кон она што се нарекува европски систем на вредности.
Белградски „Вечерње новости“ објавуваат дека Брисел на земјите од регионот кои сакаат да станат дел од европското семејство најверојатно на следниот состанок ЕУ – западен Балкан ќе им сервира нови преговарачки правила за пристапување.
Во игра биле повеќе модели, а секој одел во правец на земјите-кандидатки, наместо проширување, да им биде понуден некој вид привилигирано партнерство со ЕУ, поточно економска интеграција без формално членство.