Владата денеска на седница ја усвои информацијата и ја утврди потребата од покачување на платите на вработените во јавните научни установи за 25 отсто и за исплата на минат труд.
Министерствата за образование и наука, за труд и социјална политика и за информатичко општество и администрација се задолжени заедно со директорите на јавните научни установи да ги усогласат правните основи за реализација на оваа одлука.
– Почнувајќи со исплатата на платата за октомври 2019 година, 210 научни работници и вработени воседум научни институти во земјата ќе добијат повисоки плати за 25 отсто, соопшти владината прес-служба.