Во штипскиот регион, шест случаи на запалени автомобили се дело на пиромани – ММС
ММС

Објавено на: 10/29/19 5:44 PM

Во штипскиот регион, шест случаи на запалени автомобили се дело на пиромани

СВР-Штип денеска информираше дека од 20-те опожарени возила на територија на општина Штип, кај шест случаи е утврдено дека станува збор за предизвикување на општа опасност со опожарување на возилаа кај останатите пријавени случаи се работи на утврдување на причините  за опожарувањето.

-Од пријавените шест кривични дела, едно е расветлено и поднесена е кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителствоЗа останатите случаи истрагата е во тек, се наведува во соопштението од СВР-Штип.

Утринава во 05:40 часот во Штип повторно беше опожарено возило. Возилото „мерцедес” е сопственост на Емир Џавиров од пехчевското село Црник, кој пред неколку месеци во Штип отворил бутик и фризерски салон.