СОНК: Не најдовме со МОН взаемно прифатливо решение – ММС
ММС

Објавено на: 10/29/19 1:54 PM

СОНК: Не најдовме со МОН взаемно прифатливо решение

Предлогот на МОН и Владата за зголемување на платите во дејноста образование од аплил 2020 за 10 %, Советот на СОНК таквиот предлог го отфрли. Советот на СОНК на последната своја седница донесе одлука, дека доколку до 10 ти ноември не се најде взаемно прифатливо решение со МОН и Владата ќе пристапи кон организирање на генералне штрајк.

По тој повод во текот на денешниот ден, по покана на министертот за образование и наука, претставници на СОНК присуствуваа на преговори во МОН, предводени од министерот Адеми на кој се обидоа да најдат прифатливо решение за двете страни.

„За жал лоша вест е што во текот на денешните преговори не најдовме взаемно прифатливо решение што не треба да не обесхрабри, и до крајот на оваа недела ќе имаме повторно работна средба каде ќе се обидеме да ги бриближиме ставовите околу спорните прашања. Спорни се два моменти, прво е спорен моментот на зголемување на платите кој ние бараме да биде поголем од 10%, второ е спорно околу почетокот на имплементирање  на зголемување на платите а тоа беше наше барање, 1 ви јануари 2020 година“, вели претседателот ан СОНК, Јаким Неделков.

Од СОНК се надеваат дека МОН и Владата ќе најдат соодветено решение, во спротивно тие ќе ги искористат сите синдикални средства, и нивните права да ги бараат преку генерален штрајк. Неделков се надева дека ќе најдат взаемно решение и нема да дојде до она што го најавуваат,  преку социјален дијалок ќе дадат простор до следната недела.