Трагедијата со пронајдените тела на 39 луѓе (31 маж и осум жени) во средата во камионот-ладилник на 30 километри од Лондон, не се симнува од насловните страници на светските медиуми. Морис Робинсон (28), кој управувал со камионот, се појави пред судот. Во притвор остануваат четворица уапсени. Сите се под сомнение за убиство и трговија со луѓе.
Повеќе виетнамски семејства завчера изјавиле дека стравуваат оти меѓу жртвите би можеле да бидат и нивни роднини. Веќе 12 семејства од Виетнам пријавиле исчезнување на нивни најблиски од 23 октомври.
Фам Ти Тра Мај (26), на својата мајка и’ испратила порака дека не може да дише и оти умира, раскажува незиниот брат за виетнамски медиуми.
Нејзиниот татко рекол дека семејството им платило на криумчарите 30.000 фунти, а тие ветиле дека ќе се патува со авион и автомобил. Да знаел дека ќе патува со камион-цистерна, никогаш немало да ја пушти. Нејзиното семејство имало месечни приходи од 400 долари. Долго штеделе за на Фам да и’ овозможат подобар живот во Велика Британија.
Ниеден од 39-те мртви мигранти досега не е идентификуван, но семсјтвото на Фам стравува од најлошото.
Тан Ле (57) вели дека неговиот син бил дипломиран музичар. Рекол дека оди со такси за Велика Британија. Сакал финансиски да му помогне на своето семејство.
Хаонг Ван Тиеп, исто така очекувал дека во Англија ќе го пренесат со такси. Пред две години, зел заем што неговото семејство уште го враќа, за криумчари илегално да го пренесат во Русија, а потоа во Франција. Неговиот татко Лан (45) изјавил дека Хоанг преминот преку каналот од Франција во Англија го платил помеѓу 10.000 и 12.000 фунти. Поселдната порака на мајка си и’ ја испратил минатиот вторник…