-Добро утро од Штип. Ми го запалија Мерцедесот за да ме натераат да купам Масерати. Ова е кратката порака што над фотографијата со запалениот Мерцедес ја оставил на својот профил сопственикот на опожареното возило, рано изутрината во Штип.
Како што веќе објави ММС, опожареното возило е сопственост на турски државјанин, кој има свој бизнис во Штип.
Опожарен е автомобил од марка Мерцедес, паркиран на паркинг пред станбена зграда во Штип. Се работи за зградата кај поранешен Базалт. Во Професионалната територијална противпожарна единица случајот бил пријавен во 05:45 часот, по што пожарникарите веднаш излезе на терен. Нешто по седум часот, возилото целосно е изгаснето.