ФОТО: Запаленото возило во Штип е на странски бизнисмен – ММС
ММС

Објавено на: 10/29/19 9:28 AM

ФОТО: Запаленото возило во Штип е на странски бизнисмен

Опожарен е автомобил од марка Мерцедес, паркиран на паркинг пред станбена зграда во Штип. Се работи за зградата кај поранешен Базалт. Во Професионалната територијална противпожарна единица случајот бил пријавен во 05:45 часот, по што пожарникарите веднаш излезе на терен. Нешто по седум часот, возилото целосно е изгаснето. Ова зесега е единствената потврда што ја добивме, во исчекување  на информации од останатите надлежни служби.Во исчекување на нови информации, дознаваме дека возилот е на државјанин на Турција, кој во Штип имал бутик. Во зградата каде е опожарен автомобилот, имал стан под наем.До рано наутро бил излезен и веројатно, и многу веројатно дека бил буден кога се сличул пожарот.

Мерцедесот гори пет дена откако беше запалено возилото на Никола Тушев, поранешниот претседател на штипски СДСМ. Ова е 20-то опожарено возило од почетокот на годината.