Додека на ниво на држава, општините во 2018 година реализирале набавки во вредност за 21% поголем во однос на 2017 година, во општините од Источно планскиот регион за истиот период има пад од 21%. Ова го покажуваат резултатите од спроведеното истражување во рамките на проектот ,,Транспарентно владеење“.
Најголем пад е забележан во општина Штип каде што во периодот од 2015-2017 имало потрошено 2,5 милиони евра за јавни набавки за да веќе во 2018 година има пад од дури 110 %. Намалување се бележи и кај општина Пробиштип.
,,,Еден континуитет во спроведувањето на јавните набавки со некаде исто ниво од околу 20% во текот на изминатите години има општина Кочани. Оваа општина од друга страна е добра во планирањето и спроведувањето на јавните набавки, но има друга негативност, најмногу набавки со по еден понудувач“, вели Тодор Цонев од невладината ИНИ од Виница .
За разлика од 2017 година во 2018 имаме подобрување, па седум до осум општини се веќе во едно солидно ниво на спроведување на јавните набавки според параметрите кои што се следат .
,,Само четири општини се под ограничено ниво на транспарентност. Тоа е многу подобро во однос на другите региони. Направените анализи велат дека речиси 50% од општините не го објавуваат на своите веб страни планот за јавни набавки, 80-90 % од општините немаат методологија за утврдување на цените за спроведување на јавната набавка. Само една општина, општина Кочани, има интегриран систем за следење на планот за јавни набавки а само четири имаат систем за следење но само на спроведувањето на договорите, Кочани, Штип, Пробиштип и Берово“, образложи Цонев.
Најтранспарентна општина во ИПР е општина Зрновци, но тука има многу мал број на тендери и се трошат многу малку пари за оваа намена. Само кај една јавна набавка во општините се забележани дискриминатороски елементи.
Она што исто така е карактеристично од направеното следење на јавните набавки е тоа што во 2018 година нема забележано, една фирма да добива најмногу јавни набавки т.е над 40% од сите јавни набавки, како што тоа е случај во 2017.
Проектот ,,Транспарентно владеење“ се спроведува како дел од Мрежата ,,Транспарентност“, отчетност и интегритет на институциите во јавните набавки и трае 15 месеци.