Руската војска стигнала на сириско-турската граница – ММС
ММС

Објавено на: 10/28/19 12:34 PM

Руската војска стигнала на сириско-турската граница

Руската воена полиција помага во повлекуваљето на курските одреди на самоодбраната и на нивното вооружување, на 30 километри од сириско-турската граница, соопштил началникот на Центарот за смирување на завојуваните страни, генерал- мајор Сергеј Ромањенко.

Тој објаснил дека Русите делуваат на сириска територија, надвор од зоната каде што Турција ја спровдува операцијата „Извор на мирот“. Помошта при повлекувањето на Курдите ќе трае до утре во 18 часот, а потоа треба да почне заедничкото руско-турско патролирање на дест километри од подрачјето каде што се изведува операцијата. Сите курдски единици, исто така, требало да ги напуштат Манбиџ и Тал Рафит.

Како што се соопштува, руската страна работела според потпишаниот Меморандум во Сочи од рускиот и од турскиот претседател.