Вечерва хуманитарен концерт во Штип – „Со срце за Симона“ – ММС
ММС

Објавено на: 10/28/19 10:50 AM

Вечерва хуманитарен концерт во Штип – „Со срце за Симона“

ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ од Штип вечерва организира хуманирен концерт „Со срце за Симона“, од кој собраните средства ќе бидат наменети за лекување на четиригодишната штипјанка Симона.

Концертот ќе се одржи во Уметничката галерија „Безистен“ со почеток во 19 часот, а цената на билетот е 150 денари.