Лидерот на Исламската држава Абу Бакар ал-Багдади беше убиен вчераутро на северозападот на Сирија, во акција во која учествувале осум хеликоптери на САД и две беспилотни летала. Некои агенции и светски медиуми синоќа објавија и снимки од местото каде што бил ликвидиран.
Од земја кон хеликоптерите биле истралани неколку ракетни проектили, па леталата се оддалечиле од локацијата, за повторно да се вратат по половина час и да продолжат со нападот. Од хеликоптерите се спуштиле војници за кои се тврди дека се американски специјалци.
На снимките се гледаат уништени автомоили, урнати куќи и други објекти…
Повеќе медиуми пишуваат дека Курдите објавиле дека синоќа, во акција со американски војници, го ликвидирале и најбликиот соработик на Багдади, ал-Мухаџир.