Твитер призна дека подеднакво не ги третирал сите корисници затоа сега воведува „рекламен социјализам“
Твитер официјално призна дека оние корисници кои имаат помалку следбеници гледале повеќе реклами на својата платформа од оние кои ги следат поголем број луѓе.
Таквата политика политика применувана е со намера на популарните корисници да им се овозможи подобро корисничко искуство и да ги охрабри што повеќе да ја користат платформата.
„Порано корисниците со поголем број следбеници на својот профил гледале помалку реклами. Од неодамна тој пристап го променивме, и сега рекламите можат да ги видат сите оние кои го користат Твитер. Тоа значи дека некои корисници од сега ќе гледаат повеќе реклами“, изјавил портпаролот на Твитер.
Новата мерка почнала да се применува, со оглед на тоа што неколку недели наназад, некои популарни корисници со голем број на следбеници се пожалија дека гледаат повеќе реклами отколку порано.
Така сега Твитер направи „израмнување“, резултатот е што популарните и многу следени корисници сега можат да почувствуваат како е да се биде „пролетер“ на Твитер.
Новата мерка доаѓа како резултат на помалата заработка од рекламите, за кои компанијата ги обвинува проблемите со рекламирање на производи и „алармантно лоши практики за управување со податоци“.