СОНК најави штрајк, не ги прифати понудените 10% за зголемување на платите од МОН – ММС
ММС

Објавено на: 10/25/19 1:32 PM

СОНК најави штрајк, не ги прифати понудените 10% за зголемување на платите од МОН

СОНК не ја прифаќа понудата на МОН од 10% за покачување на платите и најави генерален штрајк следниот месец.

На денешната прес конференција претседателот на СОНК непрецизираше колку да биде покачувањето, но тоа да биде повисоко од 10% и наместо од април следната година, тие бараат тоа да важи од први јануари следната година.

„Советот на СОНК во периодот на мирување на генералниот штрајк, а тоа е 15 дена го отвора уште еднаш барањето кон Министертсвото за образование и наука и бара, предвиденото зголеување да не започне од април 2020 година, туку наше барање е да започне од 1 ви јануари 2020 година. Исто така Советот на СОНК бара освен ова поместување на почетокот на исплата на зголемените плати, и понудените 10% да бидат предмет на договарање, односно да се понудат многу повисоки проценти од 10%“, вели Јаким Неделковски, претседател на СОНК.

Пропратни барања најавија од СОНК доколку не дојде до исполнување на нивните барања пред стартот на генералниот штрајк.

„Барања за измени и дополнувања на колективните договори за основно и средно образование во кои што ќе се иницира регресот за годишен одмор, надоместоци поврзани со превоз на вработените, прекувремените наставни часови кои што досега воопшто не се исплаќаат а треба да се исплаќаат, ревидирање на плаќањето во комбинирана настава. Исто така ќе се бара доследно почитување на колективните договори за основно и средно образование и законите во правец на почитување на законски одредби во однос на зголемување на минималната плата и имплементација со постоечките колективни договори,важност и почитување на истите“, изјави Неделковски, кој на 11 ти ноември кога е и закажан генералниот штајк очекува на истиот да се појават сите членови на СОНК и во сите училишта да се штрајкува.