Време: Денеска до 29 степени, сончево и топло и до вторник – ММС
ММС

Објавено на: 10/25/19 6:35 AM

Време: Денеска до 29 степени, сончево и топло и до вторник

Сончево и топло со слаб ветер од источен правец е прогнозата на УХМР за денеска. Максималната температура ќе биде во интервалот од 22 до 29 степени. Во Дојран се очекува температура до 29 степени, во Гевгелија до 28, Штип до 27, Скопје до 26, Битола до 25, Охрид до 22…

Утре максималната температура треба да достигне до 28, в недела до 29, в понеделник до 28, а во вторник до 27 степени. Утринските температури овие денови треба да се движат од минус еден до осум степени.