Кина продолжува со притисокот: Нови царини за американската стока – ММС
ММС

Објавено на: 10/24/19 3:26 PM

Кина продолжува со притисокот: Нови царини за американската стока

Кина сака да воведе нови царини на американскиот увоз во вредност од 2,4 милијарди долари во спорот околу субвенциите инициран пред Светската трговска организација.

Во спорот инициран во 2012 година, Кина се пожали на WTO за тарифите кои ги воведе Вашингтон како би ги ублажил ефектите од наводните кинески субвенции во државна сопственост.

Арбитрите на WTO утврдија дека американските царини не се во согласност со меѓународните трговски регулативи и Вашингтон ги прилагоди.

Кина потоа изрази незадоволство од прилагодените американски царини и WTO потврди дека Вашингтон не ги спроведува правилно нивните претходни пресуди. Според  прописите на WTO, Пекинг сега може да одговори со воведување царини на американскиот увоз.

На почетокот на следната недела, WTO ќе го разгледа кинескиот предлог за воведување царини на увозот на американската стока во вредност од 2,4 милијарди долари. Конечната одлука за вкупната вредност на американската стока на која Пекинг може да воведе царини ќе ја донесат арбитрите на WTO, забележува dpa.

Извор: denar.mk