Зоолошката градина во Скопје се приклучува кон хуманитарната акција за собирање финански средства наменети за лекување на четиригодишната Симона од Штип која боледува од леукемија. По тој повод, в недела ќе бидат организирани низа настани за донации во Скопје ЗОО.
– Зоолошка градина Скопје се приклучува во хуманитарната акција и ги повикува сите посетители да донираат за Симона во недела (27.10). Од 9:00 – 18:00 ќе бидат поставени кутии за донации, а во меѓувреме ќе може да се дружите и фотографирате со омилените Дизни маскоти, да гледате бесплатно магионичарско шоу и многу други содржини преку кои ќе помогнеме да се соберат средства за малата Симона. Да бидеме хумани, да спасиме еден млад живот. За среќно детство на Симона – велат од Скопје ЗОО.
Симона боледува од акутна нелимфобластна лекумија. Досега, се собрани над 30.000 евра, но потребни се 140 илјади евра за лекувањето. Девојчето со родителите веќе е во Загреб каде треба да се лекува.
Сите кои сакаат да бидат хумани може да донираат средства и на броевите:
Телеком 143 424
А1 143 460.