Време: Денеска сончево и топло, до 29 степени, а слично ќе биде и до понеделник – ММС
ММС

Објавено на: 10/24/19 6:29 AM

Време: Денеска сончево и топло, до 29 степени, а слично ќе биде и до понеделник

Сончево и топло со слаб ветер од југоисточен правец е временската прогноза на УХМР за денеска. Максималната температура од 29 степени се очекува да биде измерена на југоистокот на земјата. Во Скопје до 27, во Штип и во Битола до 26, во Охрид до 22…

Слично време не’ очекува и во наредните четири дена. Утре, исто така, се очекува максималнта температура од 29 степени, в сабота до 28, в недела до 29, в понеделник до 28 степени. Утринските температури, пак, ќе се движат од еден до десет степени.