Пронајдени крадците и предметите од тешка кражба од Битола – ММС
ММС

Објавено на: 10/23/19 4:21 PM

Пронајдени крадците и предметите од тешка кражба од Битола

Телефони и пари се пронајдени во возилото во кое се превезувале барани криминалци, сторители на тешка кражба во Битола. Полицијата соопшти дека вчера ( 22.10.2019), по претходно добиени оперативни сознанија од страна на полициски службеници од Одделението за крим полиција при Отсек за општ криминал при СВР Битола, во координација со Одделението за имотни деликти и малолетничка деликвенција Карпош – Ѓорче Петров при СВР Скопје,  преземени се службени дејствија при што во населба Козле, на ул.,,Јуриј Гагарин“ во Скопје, полициски службеници извршиле преглед на патничко моторно возило марка ,,мерцедес 190“, со прилепски регистарски ознаки, при што пронашле: мобилен телефон марка “Huawei P30”, четири мобилни телефони “Samsung A20”, три мобилни телефони марка  “Samsung A10”, два мобилни телефонa марка “Samsung A50”,  еден мобилен телефон марка “Samsung A30”, фото апарат марка “Nikon D5600-18-55 VR”,   два фотоапаратa марка “Nikon D-3500-18-55 VR” и фотоапарат марка “Nikon D 750”, како и два ранцa.

Во патничкото возило „мерцедес“ затекнати се М.П.(23), К.Б.(25) и С.М(23), сите од Битола, а кај лицето С.М. пронајдени се и   одземени околу 14.000 денари.

Од извршените проверки утврдено е дека горенаведените предмети потекнуваат од кривично дело „тешка кражба“, извршено на 14.10.2019 во продажен објект на ул.„Никола Тесла“ во Битола, од каде се одземени мобилни телефони, фотоапарати и промет, со што сторителите се стекнале со имотна корист од околу 900.000 денари. Лицата  се преземени од страна на Одделението за крим полиција при Отсек за општ криминал при СВР Битола и по целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.