Шестмина повредени во тешка сообраќајна незгода во Скопје – ММС
ММС

Објавено на: 10/23/19 2:03 PM

Шестмина повредени во тешка сообраќајна незгода во Скопје

На крстосницата од улиците „Народни херои“ и „Ѓорѓи Димитров“ во Скопје,  рано утрово се случила тешка сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“, со велешки регистарски ознаки, управувано дваесет и едногодишниот М.К.  од Велес и патничко моторно возило „опел астра“, со скопски регистарски ознаки, управувано од триесе и тригодишниот  Љ.Ј. од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Н.И.  од Крива Паланка, сопатник во возилото „фолксваген голф“, а М.К. и другиот негов сопатник А.Ф.  од Пробиштип добиле телесни повреди и биле пренесени во комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Телесни повреди добиле и Љ.Ј. и неговите сопатници Д.П.  од Скопје и Н.Н.  од Прилеп и биле пренесени во градската болница „Св. Наум Охридски“.

Извршен е увид од страна на увидна екипа од Скопје.