На претстојните предвремени парламентарни избори, Зоран Заев повторно ќе се трка за премерското место. Ова го потврди во изјавата за новинарите, прашан да одговори дали Оливер Спасовски ќе биде новиот технички премир. Заев рече дека на ова прашање ќе може да одговори на крајот од декември.
-Јас ќе ја водам кампањата, јас ќе бидам кандидат за премиер, секако за тоа ќе треба да одлучат органите на партијата и коалицијата, но јас сум кандидат за премиер. Јас сум радосен што на трети декември ќе и’ се посветам на партијата. Ќе се посветам за да се понудам уште еднаш на граѓаните. Јас барам нов, чист, цел мандат за да продолжиме. Сега топката е кај граѓаните. Тие ќе ја дадат насоката по која треба да се движиме. СДСМ ќе излезе со малку модернизарен тим и модернизирана програма и вака поставени, рече Заев.