Раководството ФК Брегалница донесе одлука да биде дел од хуманата акција „Со срце за Симона“ за помош на четиригодишната Симона Хаџи Тошев од Штип.
Како што информираат од Брегалница, на четиригодишната Симона Хаџи Тошев од Штип и е дијагностицирана Leucosis ccuta non Lymphoblastic (Акутна нелимфобластна леукемија), па итно и се неопходни финансиски средства за лекување во странство.
Во таа насока УО на ФК Брегалница донесе одлука целокупниот приход од продажбата на билетите на следните три натпревари да биде дониран за лекување на малата Симона.Дел од овие средства се и оние собрани од натпреварот на Ф.К Брегалница со Ф.К Кожува.
СО СРЦЕ ЗА СИМОНА!
Сите кои имаат можност да донираат и дополнителни средства за лекување на Симона Хаџи Тошев можат и преку жиро-сметката за донации:
ПРИМАЧ
Симона Хаџи Тошев
С-ка за донации: 270-7000448932-95, ХАЛКБАНК АД Скопје