Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, упати благодарност до Сенатот на САД за ратификацијата на протоколот за членство на нашата земја во НАТО.
„Благодарност до САД за ратификацијата на Протоколот за нашето членство во НАТО во Сенатот. Стратешкото партнерство САД-Северна Македонија продолжува во Алијансата придонесувајќи за глобалната стабилност и безбедност“, објави шефот на државата.
Пендаровски истото до Вашингтон го напиша и на албански и англиски јазик.
Инаку, вчера „ЗА“ гласаа 84 сенатори, а само двајца сенатори, еден од Јута и еден од Кентаки, се изјасниле негативно, додека не гласале 14.