Исчезнат е Давид, синот на Зоран Роџер, семејството бара помош – ММС
ММС

Објавено на: 10/22/19 3:58 PM

Исчезнат е Давид, синот на Зоран Роџер, семејството бара помош

Скопјанецот Зоран Илиев, познат во јавноста како Зоки Роџер апелира до јавноста да му помогне да го најде својот син Давид. Како што појаснува за ,,Фокус”, Давид има 28 години, висок е 182 сантиметри, слаб, со светло кафена коса, облечен во црн капут. Исчезнал утринава, но бидејќи имал проблем за кој семејството не сака да открива детали, тврди е важно да биде пронајден што е можно побргу.

„Случајот е пријавен во полиција, ги молам сите кои што имаат информација за син ми, да се јават на телефонските броеви 071 229 903 и 075 363 665. Давид исчезна во Скопје, јас сум моментално во Австралија“ – појаснува Илиев.