Со свечен чин и со традиционални обичаи, денеска Нарухито стана 126. цар на Јапонија. На востоличувањето на новиот јапонски цар во Царската палата во Токио присуствуваа речиси 2.000 официјални претставници на 190 држави и на меѓународни органзации.
По повод востоличувањето на Нарухито, јапонската Влада во знак на добра волја помилува 550.000 осуденици. Во 1989 година, при востоличувањето на претходниот јапонски цар Акихито, беа помилувани 2,5 милиони осуденици.