Ивица Дачиќ: И ние баравме Албанци што ќе работат во наш интерес, но не најдовме – ММС
ММС

Објавено на: 10/22/19 8:05 AM

Ивица Дачиќ: И ние баравме Албанци што ќе работат во наш интерес, но не најдовме

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, вчера изјави дека она што сега се случувало на Косово е реакција на тоа што приштинските власти не успеале да најдат Срби што би им служеле на интересите на Албанците, па на изборите победила Српската листа.

„Косово е творба заснована врз лаги. Во тоа броење гласови на изборите тврдеа дека се затровени како во 1999 година, кога тврдеа дека сто илади Албанци са затруени на стадион или дека Србите земале крв од албански деца, што е невистина. Сега се јавуваат идеи да се забрани Српска листа, а тоа може да предизвика сериозни последици, но важно е меѓународната заедница тоа да го знае, а убеден сум дека го знае“, порачал Дачиќ.

Додал и дека српската страна со години барала Албанци што ќе работат за српски интереси, но, како што истакна, „тоа не ни’ успеа нам, а нема да им успее ни ним“.