ЕК одлучува дали Хрватска ги исполнува условите за Шенген, Словенија се заканува со блокада – ММС
ММС

Објавено на: 10/22/19 7:46 AM

ЕК одлучува дали Хрватска ги исполнува условите за Шенген, Словенија се заканува со блокада

Европската комисија денеска на состанок во Стразбур треба да одлучува за извештајот што се однесува на хрватското исполнување на условите за влегување во шенгенската зона. За влегување во Шенген-зоната потребно е да се исполнат низа предуслови. Комисијата пред влегувањето на некоја земја во зоната без внатрешни гранични контроли ја спроведува „шенгенската евалуација“, а повремено и потоа спроведува дали конкретно се спроведуваат шенгенските закони.

Бугарија и Романија, иако уште од 2011 година имаат позитивна евалуација од ЕК, уште немаат согласност од сите членки на ЕУ. Сличен проблем може да има и Хрватска зашто Словенија најавува дека можеби ќе го блокира хрватското влегување поради нерешеното прашање меѓу двете земји во врска со морските води.