Лажна вест: Ахмети нервозно тропаше по маса по лидерската средба – ММС
ММС

Објавено на: 10/21/19 2:39 PM

Лажна вест: Ахмети нервозно тропаше по маса по лидерската средба

На голем број веб-портали беше објавена вест дека лидерот на ДУИ Али Ахмети вчера по лидерската средба гостувал во емисија на ТВ 21 каде нервозно тропал по масата , незадоволен од бројноста на албанските претставници  кои дошле на средба кај Претседателот Пендаровски.

Подоцна, се испостави дека емисијата е снимена пред две години.