Штипјанка пријавила дека физички бил нападнат и ограбен нејзиниот малолетен син.
Во текот на вчерашниот ден во 12.30 часот во Полициската станица Штип, триесет и двегодишната Н.А. од Штип пријавила дека oколу 12.15 часот на ул.„Борис Крајгер“ нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од едно лице и му го одзел мобилниот телефон.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.