Mаршот стартуваше од Попова Шапка се до Лешница. Планинари екологисти преставници на невладини организации од властите побараа итен прекин на работите.
„Бараме од сите инстиуции итно да ги прекинат сите незаконски работи од делот на хидроцентралите. Тие хидроцентрали немаат се уште комплетна техничка документација. Сечењето на дрвјата и отворањето на новите траси е големо, се се уништува. Денеска праќаме порака до сите и гледаме што се случува горе. Оваа болест ја опфатила целата територија на Шара во Косово, Македонија, Албанија. Треба да има детална анализа и да се прекинат сите интервенции“, изјави Јамди Сулејмани, од иницијативата „Да ја спасиме Попова Шапка“.
Од Национални шуми велат дел од сечата која ја посочуваат екологистите нема никаква поврзаност со хидроцентралите. Дел од дрвата во овој предел на Шара се иссечени согласно нивниот план од 2019-2028 година.
„Одговорно тврдам дека ЈП Национални шуми и јас како директор работиме според 10 – годишните планови за стопанисување со шумите, кои се донесени од ресорното Министертсво за земјоделство. Дрвната маса е немнета за испорака на фирми со кои националните шуми соработува според однапред склучени договор“, рече Зоран Ѓорѓиев, диркетор на Национални шуми.
На Шар Планина речиси секоја река си доби своја хидроцентрала уништувајќи ја на тој начин вегетацијата и водните ресурси.
Зоран Димовски