Столтенберг телефонски до Заев: Со нетрпение ја очекувам Северна Македонија наскоро да влезе во НАТО – ММС
ММС

Објавено на: 10/21/19 12:10 PM

Столтенберг телефонски до Заев: Со нетрпение ја очекувам Северна Македонија наскоро да влезе во НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг на својот официјален Твитер профил денеска напиша дека имал телефонски разговор со премиерот Зоран Заев, за да ја реафирмира посветеноста на НАТО за пристапувањето на Северна Македонија.

„Процесот на ратификација е на добар пат и со нетрпение ја очекувам Северна Македонија наскоро да влезе во нашата Алијанса“, напиша Столтенберг.

Претседателот Стево Пендаровски вчера изјави дека најдобро би било изборите да се случат по пристапувањето во НАТО затоа што е потребен функционален парламент кој ќе треба да го ратификува пристапувањето откако тоа ќе го сторат сите 29 земји членки на НАТО.Досега протоколот за пристапувањето со потпишаа 24 земји-членки. Остануваат уште пет – Шпанија, Франција, Холандија, Исланд и САД.

На вчерашната лидерска средба беше договорено да се одржат предвремени избори на 12 април, откако земјата не успеа да добие датум за почеток на преговори со ЕУ.