Филмски грабеж на аеродромот во Дубровник: Украле 100.000 евра и побегнале со мотор – ММС
ММС

Објавено на: 10/21/19 10:58 AM

Филмски грабеж на аеродромот во Дубровник: Украле 100.000 евра и побегнале со мотор

Двајца мажи утринава ограбиле припадници на обезбедувањето на аеродромот во Дубровник, а потоа на мотицкл избегале во непозната насока, потврдуваа од дубровничата полиција.

Како што неофицијално дознаваат хрватски медиуми, арамиите украле околу 100.000 евра во готовина. Се’ се случувало пред управната зграда во присуство на многуброни сведоци, меѓу кои и припадници на полицијата. Двајцата на мотор пресретнале жена и маж и им ја одзеле чантата што во тој момент мажот ја ставал во автомобил. Украдената чанта на кратко им паднала од рацете на крадците, па морале да ја подигнат од земја. Полицијата набрзо тргнала по нив. Камерите ги снимиле, но мотоциклистите-крадци носеле заштитни шлемови на главите.

Неофицијално, се работело за пари од пазарот на Аердромот Дубровник направен за време на викендот. Требало со комби да бидат пренесени во Дубровник.