Мирен протест по мотото „Европската иднина на Македонија“ ќе се одржи вечерва пред Амбасадата на Франција во Софија и на него, според најавите, ќе учествуваат стотици пријатели на Македонија. Собирот е организиран од интелектуалциите чии потписи стојат под декларацијата поднесена во Владата со која се бара појасна позиција на Бугарија за приклучувањето на Македонија кон ЕУ.
„Самиот собир не е против нешто, туку е за поддршка на Македонија и забрзување на почетокот на преговорите за членство во Европската Унија. Присуство на собирот, организиран преку социјалните мрежи, потврдија 150 граѓани. Планираме да врачиме писмо-апел до претседателот Емануел Макрон со барање да не отстапува од лидерството на Франција во Европа и повторно да го разгледа својот сват за Северна Македонија“, изјавил за БГНЕС скулпторот Андреј Врабчев, еден од организаторите на иницијативата.
Според него, иницијативата не е протест, бидејќи тие не застануваат на „средината“, туку „за“ Северна Македонија.
„Местото на Македонија е во Европа од многу причини, не само географски, туку и културни. И ако нашето место е во Европа, логично е и Македонија да е во Европската Унија и крајно време е границата меѓу Бугарија и Македонија да е европска, односно да е слободна. Ако повторно останеме во два одделни блока, сценариото што следи е драматично и од тоа е засегнат целиот Балкан. Регионот може многу лесно да влезе во криза, има обиди за негова поделба, па дури и апетити од трети страни“, предупредува Врабчев.
Собирот е најавен за 18.30 часот пред француската амбасада во Софија.
мкд.мк