Естонската полиција поведе оригинална кампња за возачите кои премногу го притискаат педалото за гас. Им нуди избор – парична казна или пауза од возење додека не се смири страста. Ако возчот се одлучи на таков тајм аут, мора определено време да отседи во полициското возило. За пречекорување на брзината до 20 километри на час ќе мора да прават прекин од 45 минути, а за пречекорување од 21 до 40 километри, ќе мора да отседат во полициското возило „дури“ цел час.
„Разговаравме со многу возачи и така дојдовме до идеја за тајм-аутот. Велат дека паричните казни денес немаат никаков ефект. Возачите ги доживуваат како обична сметка – ќе ја платат и забораваат на неа. Од друга страна, навистина многу се нервираат кога мора да поминат цел час во полициски автомобил на патот“, истанува полоцискиот советник Елари Касаметс.
Сепак, полицијата оваа мерка на замена на паричната казна со „тајм-аутот“ ја применува само кон оние што првпат ќе бидат фатени како возат пребрзо.