Милијардери во сиромашната Африка изградија град само за себе – Банана Остров – ММС
ММС

Објавено на: 10/21/19 9:47 AM

Милијардери во сиромашната Африка изградија град само за себе – Банана Остров

Нигерискиот главен град со 30 милиони луѓе заедно со неговата периферија ја разбива секоја предрасуда што остатокот на светот ја има за Африка како сиромашно, неразвиено и валкано место. Лагос врие од луксузни автомобили и градежни машини.

Во источниот дел на Лагос заврши изградбата на луксузната населба наречена Банана Остров, која може да се спореди со најлуксузните квартови на Њујорк или Токио. Тоа е рај за милијардерите и некои најбогати семејства во општеството што уживаат во мирна атмосфера на луксуз, далеку од градскиот метеж.

Банана Островот го добил своето име поради препознатливиот облик. До него има посебен пат што го поврзува со мрежата главни патишта. Цената на градежното земјиште на него е 1.100 долари за квадрат. Цената на куќа на островот почнува од 2,75 милини долари па нагоре, а останале уште малку, па некои се продавале и по 13 милиони долари. Банана Островот е ексклузивна заедница поделена на на 553 имоти со големина од 1.000 до 4.000 квадратни метри.

И светските прогнози му одат во прилот на богатиот Банана Остров и на слични места за богатите во Африка. Според истражувањата на УНКТАД, Африка до 2024 година би можела да забележи најголем пораст на директни странски инвестиции во светот, во однос на сега дури за 84 отсто.