Премиерот Зоран Заев и шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска се поврзани со случајот „Рекет“, пишува италијанскиот весник „Ла верита“, кој прв ги објави снимките за оваа афера.
Весникот тврди дека Заев барал Русковска да ги одблокира 750.000 евра кои бизнисменот Силјан Мицевски ги уплати за проектот за пензионерски домови, пари кои беа уплатени на сметката на пензионерката Лилјана Тодоровска. За тие пари, и таа самата тврдеше дека кога ги подигнала од банка веднаш ги предала на претставници на Меѓународниот сојуз.
За време на истрагата, пишува „Ла Верита“, добивме потврда за фактот дека Управата за финансиско разузнавање – УФР, врз база на сомнеж за незаконски дејанија, го замрзнала плаќањето на 750.000 евра извршено во корист на Тодоровска.
Почитувајќи ги легалните процедури, УФР за потенцијалното кривично дело уредно ја известила обвинителката Рускоска, која можела да ја искористи својата моќ да определи притвор на неопределено време, односно да почне истрага.
Сепак, весникот повикувајќи се на свои информации и на сведочењето на обвинителот Наум Пановски, пред републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, тврди дека следниот ден Заев лично ја побарал Русковска наредувајќи ѝ да ги одблокира парите. Русковска, пак, пишува „Ла Верита“, му наредила на обвинителот задолжен за случајот, да ги следи директивите дадени од Заев.
(Плусинфо)