ЕХФ: Против Турција без најискусните, против Грузија комплетни – ММС
ММС

Објавено на: 10/18/19 5:49 PM

ЕХФ: Против Турција без најискусните, против Грузија комплетни

Селекторот на македонската машка ракометна репрезентација, Данило Брестовац, меѓу 17. ракометари на кои смета за пријателските мечеви против Турција во Ескишехир, нема да смета на најискусните.

Кирил Лазаров, Борко Ристовски, Дејан Манасков, Филип Талески и Филип Кузмановски ќе се приклучат на националниот тим по враќањето од Турција, и тие ќе играат на средбите со Грузија на 25 и 26 октомври во Скопје.

Првиот собир, селекторот Брестовац го закажа за в понеделник, 21 октомври, во 17 часот во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.