„Ел Класико“ одложено, ќе се игра во декември – ММС
ММС

Објавено на: 10/18/19 12:41 PM

„Ел Класико“ одложено, ќе се игра во декември

Шпанската фудбалска федерација денеска соопшти дека престојното „Ел Класико“ кое требаше да се игра на 26 октомври на „Камп Ноу“, ќе се одложи за декември.

Причината е протестите кои не се смируваат во Барселона против апсењето на каталонските лидери.

Иако имаше препорака да се сменат домаќинствата, односно првото да се игра во Мадрид, но од Барселона ја одбија таа можност, со што федерацијата мораше да реагира и да го одложи.

Меѓутоа и натаму не е познат датумот на одигрување. Федерацијата смета дека најповолен е 7. декември, а клубовите сакаат на 18-ти.

Преземено: sportmedia.mk