Во тек се политички консултации на повеќе нивоа, се разгледуваат и анализираат сите опции, велат од Владата за МИА во врска со следните чекори што ќе бидат преземени по состанокот на лидерите на ЕУ во Брисел на кој се решава за пристапните преговори со Северна Македонија.
Анализи и консултации се вршат и во политичките партии, а веќе има најава и за можна лидерска средба кај претседателот на државата Стево Пендаровски.
Од Кабинетот на претседателот велат дека со информација за ова прашање ќе излезат по завршувањето на Самитот на ЕУ во Брисел
Од ДУИ за МИА потврдија дека претседателот на партијата Али Ахмети добил покана од шефот на државата за средба на лидерите на политичките партии од македонскиот и од албанскиот политички блок в недела во вила „Водно“.
Засега нема потврда за тоа дали поканата веќе ја добиле и лидерите на СДСМ, ВМРО – ДПМНЕ и евентуално други политички партии.