Графитот на омраза повторно го претвори во порака на мир – ММС
ММС

Објавено на: 10/18/19 10:38 AM

Графитот на омраза повторно го претвори во порака на мир

Јуре Зубчиќ од Задар деновиве повторно преправи графит на омраза против Србите во тој хрватски град во порака на мир, порака на љубов, бидејќи натписот „Уби Србина“ со усташки симбол вешто го преправи во „Пољуби Србина“.

Ова момче (28) направи слична интервенција и пред една година, кога графит од „Уби Србина“, го преправи во „Љуби Србина“.

„Да, повторно преправив графит. Ви оди ли тоа на нерви? Баш ми е мило. Мислете оти сум бидала што се изложувам на реална опасност? Додека вие ме сметате за будала што преправа графити, дотогаш нашето општество има проблем. Не ви одат на нерви наши сограѓани кои анонимно пишуваат такви графити. За нив ништо. Не реагирате, не ве нервираат“, порачал Јуре на Твитер, а пораката ја пренесуваат повеќе балански медиуми.