Иако е договорено петдневно примирје, Турција и понатаму ги напаѓа Курдите на северот на Сирија. Снимките што од утринава се емитуваат во живо преку „Ројтерс“ сведочат за гранатирањето на градод Рас ал Аин, пренесуваат повеќе странски медиуми. Над градот повремено се кревал чад како последица од експлозиите.
Турција пред осум дена ја почна офанзивата против Курдите во Сирија, а вчера, според договорот помеѓу Турција и САД, сите воени операции требаше да бидат прекинати за да се овозможи повлекување на курдската милиција во следните пет дена.
„Турските воени операции ќе завршат кога тоа повлекување ќе биде целосно“, изјави вчера амерканскиот потпретседател Пенс.