Дискусија во Тетово: Превенирање на малолетничката деликвенција, користењето дрога и нарушувањата на јавниот ред и мир во и надвор од училиштата – ММС
ММС

Објавено на: 10/17/19 7:04 PM

Дискусија во Тетово: Превенирање на малолетничката деликвенција, користењето дрога и нарушувањата на јавниот ред и мир во и надвор од училиштата

Како да се превенира малолетничката деликвенција, користењето дрога и нарушувањата на јавниот ред и мир во и надвор од училиштата, денес дискутираа претставници на СВР Тетово, локалната самоуправа и педгози и психолози од основните и средните училишта од општина Тетово.

Се намалува бројот на нарушувања на јавниот ред и мир во и околу училиштата. Во 2013 година имало 36 вакви нарушувања, додека во текот на оваа учебна година 4. Локалната самоуправа во соработка со СВР Тетово спроведуваат повеќе активности со цел превенција од инциденти и користење дрога од страна на ученици.

Искуствата на училишните управи се различни. Од ОУ Братство Миѓени Тетово велат дека досега кај нив немало поголеми инциденти, а одделенските часови ги насочуваат кон воспитување на учениците во однос на пороците.

Инаку Отсекот за превенција при СВР Тетово е формиран во 2008 година. Во изминатат учебна година спроведе 7 превентивни проекти во кои беа вклучени учениците и децата од градинките, на повеќе теми, како злоупотреба на дроги, трговија со деца, сообраќај и слично.

Зоран Димовски