Вечер: Затворениците од „Идризово“ ќе прават ајвар со запленети пиперки – ММС
ММС

Објавено на: 10/17/19 4:17 PM

Вечер: Затворениците од „Идризово“ ќе прават ајвар со запленети пиперки

Запленетите девет илјади килограми пиперки „куртовска капија” се доделени на Затворот „Идризово“. Пиперките беа запленети пред неколку дека од страна на Државниот инспекторат за земјоделство и беа доделени на Агенцијата за управување со одземен имот која за да не се расипат веднаш одлучи да ги додели на затворениците од Затворот „Идризово“.

Како што информираше за весникот „Вечер“, директорот на Државниот земјоделски инспекторат, Зоран Шапуриќ, пиперките се одземени од нерегистриран откупувач при вонредна контрола во вечерните доцни часови по претходни сознанија на инспекторите на ДЗИ.

-Покрај редовните контроли, ДЗИ врши и вонредни контроли кои обично се вршат кога има откуп на одредена земјоделска култура. Инспекторите на ДЗИ тоа го направија заедно со инспекторите на СВР Битола и асистенција на полициска станица Прилеп бидејќи инспекторите на ДЗИ не се овластени да ги запрат камионите, вели Шапуриќ.

Според него, ова е мал чекор во борбата со сивата економија, но значаен за заштита на економијата. – Борбата со сивата економија ќе продолжи и ние ќе вршиме редовни и вонредни контроли секогаш кога е потребно и кога за тоа имаме сознанија, додава Шапуриќ.

Тој информираше дека на откупувачите на лице место се опоменати од страна на инспекторите на ДЗИ дека треба да се регистрираат бидејќи вака не само што треба да платата казна, туку прават штета на економијата. Инаку казната за ова кривично дело е 800 евра, а ако ја платат во рок од 8 дена истата се преполовува на 400 евра.

Директорот на Агенцијата за управување со одземен имот, Фатон Асани, каде што завршија запленетите пиперки не информираа дека истите се дадени на Затворот „Идризово“.

-Во случај кога се запленува храна која е расиплива, мора брзо да биде доделена. Агенцијата во вакви случаи е известена од надлежните органи кои ја одземаат расипливата храна и има соработка со органите кои ја одземаат и во востановена законска постапка се врши отстапување на истата се со цел да се запази квалитетот на одземената стока и да се задоволат потребите на институциите, вели од Агенцијата за управување со одземен имот.

извор:вечер.мк