Раст од 3.2 отсто за македонската економија годинава, предвидува ММФ – ММС
ММС

Објавено на: 10/17/19 4:07 PM

Раст од 3.2 отсто за македонската економија годинава, предвидува ММФ

Според последниот извештај на ММФ, растот во земјава до крајот на годината ќе изнесува 3,2%. Ова е пооптимистичко сценариот во однос на априлскиот извештај кога беше прогнозиран раст од 3%. Предвидувањата за земјава се подобри од тие за Црна Гора, Албанија и Хрватска. А фондот смета дека косово и Србија ќе имаат повисок раст од Македонија годинава.

Во глобала, економијата во регионот расте во услови кога глобалната е на ниво како во светската криза пред 10 години. Експертите од ММФ прогозата за 2019 ја намалија на 3%. Трговската воја меѓу САД и Кина и главната причина за бавниот раст.

Според прокециите на Фондот земјава ќе стигне до 3,5% раст дури во 2024 година. А, според макеоднската влада до овој степен домашната економија ќе стигне веќе до крајот на оваа година. Власта оптимизмот го темели на добрите бројки од првото полугодина од оваа година кога растот во првиот квартал изнесува 4,1%, а во вториот 3,1.