Facebook ќе ја лансира Libra so 21 партнери – ММС
ММС

Објавено на: 10/17/19 3:15 PM

Facebook ќе ја лансира Libra so 21 партнери

По неодамнешното напуштање на Facebook на некои од неговите најважни партнери, Здружението Libra денес претстави 21 партнер кои се обврзаа да учествуваат во проектот.

Имајќи го тоа предвид, Facebook нема намера да се откаже од лансирањето на Libra и покрај бројните критики. Членови на Здружението Libra, кое Facebook го основаше за воспоставување нова дигитална валута, дојдоа во Женева на својот прв официјален состанок. Меѓу 21 основачи се Uber, Spotify и Vodafone…

Како што објасни извршниот директор Бертранд Перез, членовите основачи го потпишаа статусот на Libra. „Сега имаме апсолутна доверба во нивното учество, така што целосно веруваме во проектот“, истакна тој.

Здружението, кое е официјално од непрофитна природа, во почеток очекуваше многу поголем интерес, но од конзорциумот излегоа неколку важни партнери, вклучувајќи ги Mastercard, Visa, Paypal, Ebay и Stripe. Тоа, според аналитичарите, значително ја разниша довербата во проектот, но Facebook соопшти дека не планира да се откаже.

За сметка на Libra, од самиот почеток се појавија многу сомнежи и критики, кои доаѓаа од влади, централни банки, регулатори и супервизори на финансиски системи и експерти за технологија од целиот свет. Во Европа, Европската комисија ги испитува потенцијалните ефекти на Libra врз конкуренцијата, а Европската централна банка е клучна.

Затоа, Libra не ја исклучува можноста за одложување на официјалното претставување на валутата, кое е планирано за средината на следната година.
„Целта ни е да создадеме цврста и издржлива валута која ќе опстане на долг рок“, изјави денес Перез.

Дури и извршниот директор на Facebook, Марк Закерберг, повеќе пати тврдеше дека Libra ќе биде лансирана без оглед на критичарите. Меѓутоа, призна дека поради ненаклонети одговори, може да трае подолго.

Извор: denar.mk