Можат да ви го загрозат здравјето: Внимавајте како ги перете кујнските крпи – ММС
ММС

Објавено на: 10/17/19 3:04 PM

Можат да ви го загрозат здравјето: Внимавајте како ги перете кујнските крпи

Лошата грижа за чистотата на крпите кои се користат во кујна може во голема мера да го загрози здравјето. Со помош на овие пет совети, тоа веќе нема да претставува проблем.

Топлина

Перењето на крпи на висока температура не е доволно за да од нив се отстранат сите бактерии. За понатамошно дезинфекција, топлината може да ви помогне, па по перењето сувите крпи ставете ги во микробранова печка 30 секунди. Крпите по перењето веднаш исушете ги и не оставајте ги во машина за перење, како не би станале легло на бактерии на кои им одговараат влажни места.

Само бели

Кога купувате кујнски крпи, одберете обични и бели наместо шарени. Белите крпи полесно се одржуваат, а и полесно се забележуваат кога се извалкани. Уште една предност на белата боја кога нема да се исперат убаво.

Омекнувач

За перење на кујнските крпи немојте да користете омекнувач за алиштата. Тој ќе ја намали нивната моќ на апсорбирање на течности, а тоа е карактеристика што е поважна од мирисот.

Замена за белило

Ако ви снемало белило, слободно земете сода бикарбона или оцет. Екстремно мрсните крпи потопете ги во топла вода и оставете да отстојат преку ноќ.

Сушење

Сушењето на воздухот е најдобро решение за кујнски крпи кои се препорачува да се перат секој ден и да се чуваат на суво место за да се намали контаминацијата на бактерии.

Извор: denar.mk